Новата серија во продукција на „Amazon“ наречена „The man in the high castle“ истражува што би се случило доколку Сојузниците би ја изгубиле Втората светска војна. Серијата е базирана на романот на Филип К.Дик од 1962 година.
Во драмата глумат Алекса Давалос, Лук Клеинтанк, Руперт Еванс, Кери Тагава и Руфус Севел, додека Ридли Скот се јавува како извршен продуцент. Серијата започнува со емитување оваа есен.