X
 24.12.2018 Образование

МОН бара наставниците да спојат празници. Ќе се штеди на греење



Министерството за образование и наука им препорачува на директорите на основните и на средните училишта да ги ослободат од работа наставниците и другите вработени во училиштата во периодот од 2.01.2019 до 11.01.2019 година со цел да се намалат трошоците за загревање на училишните објекти.
- Им препорачуваме на директорите на основните и на средните училишта во Македонија, согласно надлежностите утврдени во Законот за основното образование и Законот за средното образование, да не организираат работни активности за наставниот кадар, стручните соработници и административниот кадар, освен за техничкиот кадар кој е неопходен за обезбедување на објектите и имотот на училиштето во периодот од 2.01.2019 до 11.01.2019 година кога се користи зимскиот одмор на учениците – стои во препораката на Министерството.

Оваа препорака е со цел да се намалат трошоците за загревање на училишните објекти во наведениот период.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование