X
 25.03.2022 Култура

Сите филмови на „Нетфликс“ што се номинирани за „Оскар“ годинава

Оваа недела се одржува церемонијата за доделување на „Оскарите“. Платформата „Нетфликс“ има повеќе номинации, од кои дел се фаворити и за најдобар филм на годината.

Платформата има номинација за најдобар краток документарен филм, а тоа е филмот со оригинален наслов „Audible“, што се преведува како „Звучен“. Приказната се фокусира на спортисти од училиште за глуви лица кои се обидуваат да извојуваат победа додека се соочуваат со самоубиство на пријател.


Краткиот филм „Три песни за Беназир“ (англ. Three songs for Benazir) е номиниран за најдобар документарен краток филм. Приказната е за жена која се венчала со Беназир и живее во камп за мигранти во Кабул.


Еден од најпопуларните филмови - „Не гледај нагоре“ (англ. Don't look up), има номинации за најдобар филм, најдобра монтажа, најдобра оригинална музика и најдобро оригинално сценарио. Овој филм е сатира за крајот на светот во кој играат Леонардо ди Каприо, Џенифер Лоренс и Мерил Стрип, меѓу другите.


Друг популарен филм кој е фаворит е „Моќта на кучето“ (англ. The power of the dog). Овој филм има номинации за најдобар филм, најдобар режисер, најдобро адаптирано сценарио, најдобар актер, најдобра споредна машка улога, најдобра споредна женска улога, најдобар дизајн на продукција, најдобар звук, најдобра кинематографија, најдобра монтажа и најдобра музика.


„Раката на Бога“ (англ. The hand of God) има номинација за најдобар странски филм. Тој е дело на италијанскиот режисер Паоло Сорентино, кој црпел инспирација од сопственото детство во Неапол.


„Нетфликс“ има и номинации за актерите. Оливија Колман е номинирана за најдобра актерка, а Џеси Бакли за најдобра споредна улога во филмот „Изгубената ќерка“ (англ. The lost daughter). Овој филм е номиниран и за најдобро адаптирано сценарио.


Ендру Гарфилд е номиниран за најдобар актер во филмот „Тик, тик... бум“ (англ. Tick, tick...boom!). Филмот има номинација и за најдобра монтажа.


Анимираниот филм „Мичелови наспроти машините“ (англ. The Mitchells vs. the machines) на режисерот Мајкл Рианда е номиниран за најдобар анимиран филм оваа година.


„Робин Робин“ (англ. Robin Robin) е уште еден анимиран филм со номинација, но овој пат во категоријата за најдобар краток анимиран филм.


Извор: Insider
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура