X
 25.04.2023 Живот

„Визер“ воведува претплата

Нискотарифната авионска агенција „Визер“ од мај во својата понуда ќе има и модел за претплата. Патниците ќе може да уплаќаат паушален износ во период од шест месеци, а за возврат секој месец ќе може да одберат еден лет, во една насока или повратен.

Моделот за претплата наречен „Мултипас“ засега ќе биде достапен само за летовите на домашните линии во Италија или интернационалните до Полска. Патниците ќе може да одберат претплата која вклучува само карта, модел со карта и приоритетно влегување, карта со куфер до 20 килограми или модел кој ги вклучува сите опции.

Оние што ќе се одлучат да се претплатат на моделот, првата карта ќе може да ја купат веднаш, со тоа што летот треба да биде за најмалку пет дена од денот на купувањето. Претплатата мора да трае најмалку шест месеци, а потоа се обновува секој месец.

- Со ова патниците за фиксна цена добиваат одлична понуда за претстојната летна сезона, а истовремено не треба да ги следат цените и да планираат патување многу порано за да добијат најдобра понуда. Благодарение на претплатата, патниците може многу едноставно да одберат лет за одмор или работно патување - изјавиле од компанијата.

Извор: Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот