X
 25.11.2022 Живот

Ова се најдобро оценетите јадења во земјите од поранешна Југославија

Земјите на поранешната Југославија сè уште расправаат за тоа дали бурекот може да биде со месо и чиј е ајварот, но за гурманите и не е толку важно. Можеби ќе се изненадите кога ќе видите кои се најдобро оценети јадења во земјите од поранешна Југославија, според „Тејст атлас“.

Србија


Од 59 јадења што треба да се испробаат во Србија, првото место, со резултат 4,8, го делат ајварот и златиборските лепињи. Ајварот е претставен како „традиционален специјалитет направен од пиперки и модар патлиџан, што е еден од најпопуларните прилози низ Балканот и Источна Европа“, додека лепињите се „поделени“ на сомун, претоп, кајмак и јајца.

- Иако е хранливо и богато со калории, ова јадење обично го има за појадок и најдобро се комбинира со чаша јогурт или кисело млеко. За најавтентично искуство, се препорачува да го јадете со рацете - се вели во извештајот. На второто место е бурек со сирење (4,6), проследено со сарма, крофни, плескавица, бела чорба итн.

Хрватска

Можеби ќе биде чудно за некои, но најдобро оценето јадење во Хрватска излегува прво - бурек со сирење, иако има иста оцена како риба на градела - традиционален начин на подготовка на свежа риба на скара на хрватскиот јадрански брег.

- Зборот градела се однесува на едноставна метална решетка, но исто така е и далматинска идеологија и начин на живот во текот на летото. Важно е рибата совршено да се зготви и да остане сочна. За време на приготвувањето, рибата обично е обложена со гранче рузмарин натопено во маслиново масло - пишува во извештајот.

Оцена од 4,5 добија јадењето „истарски фужи“ (тестенини што обично се служат со чорба од говедско месо), славонски и барањски кулен и други јадења.

burek
Фото: Freepik

Босна и Херцеговина

Бурекот, како што се очекува, е исто така првото нешто што на луѓето им паѓа на ум кога станува збор за јадења во Босна и Херцеговина.

- Ова јадење е многу популарно на целиот Балкан, иако во Босна и Херцеговина културното значење на оваа секојдневна храна е неспоредливо и најдобро се сумира во многубројни локални поговорки кои посочуваат дека ако жената може да направи добар бурек, има право на брак - се наведува во извештајот со напомена дека повеќето локални жители тврдат дека само бурекот со мелено месо може да се нарече бурек. Иста оцена имаа и ќебапите, сувото месо, сармите и травничките ѓебапи кои се прават од комбинација на говедско, телешко, овчо и јагнешко месо.

Македонија

На менито на Македонија ајварот е оценет со 4,8, а лутеницата со 4,5. Македонскиот зелник, традиционална пита што може да се наполни со разни состојки, како што се сирење, спанаќ, јајца, месо, праз или зелка, доби препорака со резултат 4,4, познатата охридска пастрмка има 4,3 поени, а тавче-гравче доби 4,1.

zelnik
Фото: Wikipedia

Словенија

Крофните го држат првото место во словенечката кујна според „Тејст атлас“. Прекмурска гибаница се најде на второ место. Станува збор за традиционален десерт на североисточниот регион на Словенија, која оригинално има осум слоја - корите се полнат со семе од афион, слатка павлака, мелени ореви и рендани јаболка. Третото јадење е бледска крем-пита.

Извор: 6yka.com | Tasteatlas.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот