X
 25.12.2021 Живот

Експерт за помнење советува како да научите речиси сѐ за 48 часа

Тансел Али е експерт за помнење од Австралија кој стана славен откако напамет ја научи содржината на два телефонски именици со над 2.300 имиња и 20.000 броја за само 24 дена. Можеби станува збор за талент, но според Али, постојат трикови со кои може да се запомнат многу податоци за кратко време.

Во својата книга „Како да научите речиси сè за 48 часа“ (англ. How to learn almost anything in 48 hours), тој открива брзи и корисни стратегии за помнење, како ментални мапи и техники за визуализација. „Студентски живот“ прави резиме на неговите техники и нуди едноставни чекори за помнење.

Соберете што повеќе материјал

Потрошете до 3 часа за собирање информации, дури и оние што не биле обработени на предавањата.

Направете стратегија

На секој му одговара различна техника, па затоа одберете техника со која најуспешно помните. Досега веројатно сте откриле кој начин на учење е најефективен за вас.


Фото: Pixabay

Организирајте се 

Сите информации поделете ги во групи според важноста.

Најмногу време посветете на најважните работи

Иако овој совет звучи како непотребен, сетете се на сите испити за кои сте учеле работи што воопшто не биле споменати во прашањата.

Одредете личност која ќе ве смета за одговорни за неуспехот

Мора да најдете личност, без разлика дали е пријател, член на семејството или ментор, која ќе ве смета за одговорни за неуспехот доколку не научите или не совладате нова вештина. Потешко се справуваме со неуспехот кога некоја друга личност е вклучена во процесот.

Помнете, но не долго

Тансел посочува дека кратките периоди на учење и помнење се многу подобри од долготрајните обиди за помнење многу информации.


Повторување

Она што сте го научиле треба да го повторите, и тоа повеќепати.

Вежбајте

Обидете се да го примените наученото. Доколку учите нов јазик, посетете место на кое ќе мора да го користите јазикот, а ако учите теорија, зборувајте со личности што се експерти од областа.

Извор: Studentski Zivot
Фото: YouTube (Printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот