X
 25.12.2023 Политика

Киргистан го смени државното знаме поради бизарна причина

Киргистанскиот претседател Садир Јапаров го потпиша законот за промена на државното знаме по два дена откако пратениците го одобрија на последното читање. Законодавците рекоа дека побрановитите жолти зраци на сонцето на старото знаме личат на сончоглед. Киргистанскиот збор за сончоглед е „кункарама“, но исто така значи „зависник“.

Според пратениците, законот дозволува корекција на сончевите зраци за сликата да изгледа повеќе како сонце. Во Киргистан се одржаа неколку протести против промената, која беше предложена во октомври оваа година.


Претседателот Садир Јапаров рече дека идејата за промена на знамето е негова. Корисниците на социјалните мрежи во оваа земја се противат на промената на знамето. Јавноста ги повика и Собранието и претседателот да не го менуваат знамето.

Граѓанскиот активист Афтандил Жоробеков, кој се спротивстави на промената на знамето и планираше да одржи митинг, беше уапсен под обвинение за масовен неред, а судот му одреди два месеца притвор.

Националното знаме на Киргистан беше одобрено со парламентарна одлука на 3 март 1992 година, по една година откако земјата стекна независност.

Извор и насловна фотографија: Klix 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика