X
 26.01.2023 Забава

Реклама на „Мекдоналдс“ за која луѓето велат дека е генијална

Популарниот синџир за брза храна „Мекдоналдс“ ги воодушеви луѓето со својата нова реклама во која во ниту еден момент не се појавуваат неговите производи или ресторани. Сѐ што може да се види од брендот е буквата „М“ напишана на ливче.

Во рекламата две колешки одлучуваат да се одморат од работата откако едната ѝ сигнализира на другата со буквата „М“ да оди во „Мекдоналдс“ и одејќи кон излезот, цела компанија тргнува по нив. Луѓето се особено воодушевени затоа што на рекламата не се појавуваат хамбургери или друг производ на „Мекдоналдс“, а ниту ресторан.



Извор: 6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава