X
 26.03.2019 Технологија

Вип воведува нова услуга - Smart Home

Телекомуникациската компанија Вип со гордост ја најавува најновата услуга во своето портфолио базирана на вештачка интелигенција и го претставува Smart Home, паметен систем за управување со електричните уреди во домаќинството, со цел зголемување на удобноста во секојдневното живеење, сигурноста и безбедноста.

Најновото паметно решение, Vip Smart Home, овозможува преку користење едноставна апликација од смартфон корисникот да управува со електричните уреди во домот и да провери дали е сè во ред во секое време, од кое било место.

Vip Smart Home е достапен преку четири пакети: Vip Smart Home Basic, Vip Smart Home Protect, Vip Smart Home Comfort и Vip Smart Home Office. Со активација на еден од пакетите во Vip Smart Home S тарифата со договор на 24 месеци во промотивниот период корисникот може да ја добие услугата без претплата.

- Во насока на обезбедување дигитални, модерни решенија, достапни за сите, денеска ја лансираме новата услуга Vip Smart Home. Овој производ нуди висококвалитетни уреди, со што обезбедува доверливост на услугата, едноставно и интуитивно користење, како и пристапни цени. Vip Smart Home нуди голем број можности за автоматизација на домот, за сите корисници што сакаат да се чувствуваат безбедно и удобно во секое време од денот - изјави Бисера Николова, раководител на одделот за резидентни корисници во Вип.

Vip Smart Home се инсталира на многу лесен и едноставен начин и е достапен за сите корисници што имаат интернет, при што автоматски се приспособува на дневните рутини и навики, функционира преку централната единица која ги поврзува паметните уреди со смартфон на корисникот и овозможува да ги управува сите уреди од кое било место.

Паметниот приклучок овозможува раководење со кој било електричен уред кој е со моќност до 2500 w преку смартфон или таблет, без разлика од местото на кое се наоѓа корисникот. Благодарение на сензорот кој функционира со магнет, корисникот секогаш знае дали вратите и прозорците во домот се затворени.



Повеќенаменскиот сензор автоматски го детектира секое движење и овозможува мерење на температурата и интензитетот на светлината, а внатрешната камера овозможува следење на случувањата во домот на корисникот, како и снимање во радиус од 115°, со можност за ХД-видеостриминг и ноќно снимање. Во комбинација со повеќенаменските сензори, камерата почнува со снимање штом се активира сензорот.
Паметната светилка овозможува лесно контролирање на осветлувањето во домот и е дизајнирана за рачна и автоматска контрола на светлината. Со неа лесно може да бидат одредени тонот на бојата и интензитетот на светлината од каде било.

Повеќе информации можете да најдете на веб-страницата www.vip.mk или со јавување во Контакт-центарот на Вип на 077 1234.

(Комерцијална објава)
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија