X
 26.05.2018 Технологија

Еден ден од стапување на ГДПР на сила и веќе има поднесени жалби

Против Фејсбук, Гугл, Инстаграм и Вацап се поднесени жалби само неколку часа по стапувањето на сила на Општата регулатива за заштита на податоци (ГДПР) на Европската унија.

Компаниите се обвинети дека сакале да ги принудат корисниците да прифатат одредени реклами ако сакаат да продолжат да ги користат услугите на овие интернет компании.

Активистот Мекс Шремс верува дека компаниите не им дале слобода на избор на корисниците.

Ако се прифатат жалбите, компаниите ќе бидат принудени да го сменат начинот на работа, а може да бидат и казнети.

Општата регулатива за заштита на податоците е нов закон на ЕУ кој го регулира начинот на собирање на податоци и начинот на кој тие може да се користат.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија