X
 26.06.2023 Технологија

„Хром“ наскоро ќе може конвертира ПДФ во текст и ќе го чита наглас

„Гугл“ наскоро ќе им го олесни животот на лицата со оштетен вид со воведување технологија за оптичко препознавање знаци во прелистувачот „Хром“.

Ова ќе овозможи претворање на документи во ПДФ во текст, а потоа и слушање аудиоверзија од тој текст. Но, тоа не е сè, бидејќи истата алатка ќе ги опишува документите.

Новата функција ќе им биде достапна на корисниците во „наредните месеци“, а компанијата планира да ја нуди и надвор од „Хром“ подоцна оваа година. Сепак, сè уште не е познато кои платформи ќе ја добијат надградбата.

Алатката за конвертирање на ПДФ и читање текст првенствено е наменета за употреба во училници каде што има ученици кои имаат проблеми со видот, така што ќе им биде полесно да читаат скенирани материјали од часовите или написи за истражување. Исто така, таа ќе го направи интернетот попристапен за целата јавност.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија