X
 26.08.2023 Живот

Најдобрите цитати од Стивен Хокинг што ќе ве инспирираат: „Тивките луѓе имаат најгласен ум“

Стивен Хокинг беше супергенијален теоретски физичар и космолог. Но, тој исто така беше неверојатен со зборови и имаше одлична смисла за хумор. Овие цитати на Стивен Хокинг ќе ве инспирираат и мотивираат да дознаете повеќе за човештвото, Бог и науката.

- Луѓето кои се фалат за нивната интелигенција се губитници.

- Можеби Бог постои, но науката може да го објасни универзумот и без потреба од творец.

- Најголемиот непријател на знаењето не е незнаењето, тоа е илузијата на знаењето.

- Тивките луѓе имаат најгласен ум.

- Универзумот не дозволува совршеност.

- Интелигенцијата е способноста да се адаптираш на промена.

- Кога очекувањата не човек се намалени на нула, тогаш тој го цени сето она што го има.

- Универзумот не е индиферентен на нашето постоење, туку зависи од него.

- Никој не ја истражува физиката со намера да освои некаква награда, туку поради радоста кога ќе открие нешто што никој претходно не го знаел.

- Ајнштајн погрешил кога рекол: „Бог не игра на коцки“. Разгледувањето на црните дупки сугерира дека не само што Бог игра со коцки, туку дека понекогаш нè збунува фрлајќи ги таму каде што не се гледаат.

Извор: Bored Panda
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот