X
 26.10.2022 Живот

Над 200 наслови се дел од онлајн библиотеката на „Бокси“

Мобилната апликација е веќе достапна и може да се преземе од App Store & Play Store. Таа е компатибилна за мобилен телефон и таблет. Корисниците ќе може да се претплатат и за 199 денари месечно да уживаат во дигиталната библиотека и игри

Паметните телефони инспирираат многубројни паметни идеи и иновации. Овој пат иницираа светогледот на децата да стане побогат со специјализирана апликација за читање и слушање книги „Бокси“. Или во превод, децата ќе добијат онлајн лична библиотека на дланка. Еден клик ќе ги спојува со еден магичен книжевен фонд.

Првата детска апликација за читање и слушање книги Бокси (Boksy) е достапна за сите љубители на книгата. Над 200 наслови се дел од библиотеката на Бокси и бројот континуирано ќе расте. „Светот на Биби“, забавни сликовници, авантуристички приказни, едукативни книги, басни, поучни четива од светот на животните, „Стела и Сани“, „Дневникот на едно шмокле“, „Ешка и Ешко“, „Јазовецот Итре“, „Мимбо Џимбо“ и уште многу други книгички можат да се прелистаат на апликацијата.



Фредерик Даглас своевремено изјавил: „Кога еднаш ќе научите да читате, засекогаш ќе бидете слободни.“
„Бокси“ ви дава слобода да летате и да прелетувате од еден микросвет во друг, и да ја искусите магијата на книгата. Со „Бокси“ добивате билет со мегапопуст до секаде.

- Апликацијата е за дечиња од 3 до 16 години. Ги имаме најновите и најбарани наслови на пазарот, но исто така може да се пофалиме и со безвремени класици како „Мумин“ и „Малиот принц“. Значи, може да се каже дека апликацијата е наменета за сите возрасти, од 3 до 103. Книгите се од речиси сите издавачки куќи во Македонија и функционираме со месечна претплата од 199 денари. За тие 199 денари, корисниците имаат пристап до апликацијата и може да ги читаат сите наслови. Моментално нашата библиотека брои над 200 книги, што би значело дека корисниците добиваат книги за помалку од еден денар. Допрва ќе ја надградуваме библиотеката со нови изданија, аудиокниги и квизови - споделуваат творците на „Бокси“.

Бокси“ претставува иновативен модел на креативен спој помеѓу учењето и забавата, веќе успешно применет на нордискиот пазар. Апликацијата содржи книги на македонски, англиски и албански јазик. Покрај книгите, во апликацијата ќе има едукативни квизови, дневни и неделни предизвици, креирање сопствени аватари, како и можност за натпреварување со другарчиња. Најдобрите читатели можат да освојат уникатни награди. На тој начин читањето е и корисна и забавна активност.



- Секое детенце може да си избере свое „аватарче“, кое е заштитен знак на апликацијата, и со читање книга/решавање квиз освојува парички. Со средствата може да го уредува аватарчето, да му купува додатоци, како капи, очила, миленичиња... или пак да си добие вредни награди, како Робакс картички, карти за во кино, карти за во зоолошка, играчки и што уште не - дополнуваат од „Бокси“.

Дел од апликацијата се и аудиокниги на англиски јазик.

- Оваа апликација беше создадена со една мисла - како времето поминато пред екран да биде квалитетно поминато време? Eкраните на мобилните уреди да бидат корисни, едукативни и забавни за нашите најмлади. Македонската детска литература сега е на дофат на децата, збогатена со многу забавни содржини и можности за гејмификација. Со тоа ќе им овозможиме на децата да градат подобри односи со книгите и да стекнат корисни навики за повеќе читање - изјавува Димитар Најденов, еден од основачите на Ретинг, компанијата која ја создаде „Бокси.мк“.



Мобилната апликација е веќе достапна и може да се преземе од App Store & Play Store. Таа е компатибилна за мобилен телефон и таблет. Корисниците ќе може да се претплатат и за 199 денари месечно да уживаат во дигиталната библиотека и игри.
Развојот на мобилната апликација Boksy е поддржан од Фoндот за иновации и технолошки развој.




(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот