X
 26.12.2019 Забава

Кукла по која ќе полудат и возрасните

„Дизни“ конечно реши да продава кадифена кукла од бебе јода, но проблемот е што ќе мораме да почекаме неколку месеци за да си ја купиме.

Кадифената кукла е долга 11 инчи (28 сантиметри) и е облечена во палтенце од вештачка кожа. Куклата ќе чини 24,99 долари, но од „Дизни“ истакнаа дека купувачите не треба да очекуваат да ја добијат порано од 1 март идната година.

- Очекуваме производот да биде достапен до 1 март 2020 година. Нарачајте ја сега и ќе ве известиме преку е-пошта кога ќе биде подготвена за испорака - стои на страницата.

Верзии на бебето јода се достапни за предвремена нарачка од производители на играчки како „Мател“ и „Хасбро“, но и тие нема да испорачуваат за брзо време.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава