X
 26.12.2023 Живот

Листа со најмоќните пасоши во светот, македонскиот е на 36. место

Интернет-страницата Passport Index редовно објавува листа со најмоќните пасоши во светот, а според последниот список, на прво место е пасошот на Обединети Арапски Емирати. Страницата ги рангира пасошите на 96 земји.

Оние што имаат пасош од ОАЕ можат да патуваат во 180 земји низ светот без виза.
Второто место, со можност за патување во 178 земји без виза, го делат пет земји – Германија, Шпанија, Франција, Италија и Холандија.
Третото место, кога без виза може да патуваат во една земја помалку – 177, го делат пет земји: Шведска, Финска, Луксембург, Австрија и Швајцарија.
Шест земји се на четвртото место – Данска, Белгија, Португалија, Полска, Ирска и Јужна Кореја, а оние што ги поседуваат овие пасоши можат без виза да патуваат во 176 земји.

Петтото место го делат осум земји. Оние што имаат пасош на Сингапур, Грција, Норвешка, Чешка, ОК, Унгарија, Јапонија или Нов Зеланд можат да патуваат во 175 земји низ светот без виза.
На шестото место се три пасоши – словачки, американски и австралиски. Со нив може да се патува во 174 земји без виза.

Словенија го дели седмото место со четири други земји – Малта, Естонија, Литванија и Канада, а нивните граѓани можат да патуваат без виза во 173 земји.

Во топ-10 е и Хрватска, која го дели тоа место со Летонија, Исланд и Лихтенштајн. Со овие пасоши можат да се посетат 172 земји без виза.
Оние што имаат бугарски, романски или кипарски пасош без виза можат да влезат во една земја помалку.
Српскиот пасош е на 32. место, а со него без виза може да се патува во 137 земји.

Пасошот на Македонија е на 36. место, заедно со Самоа и Тувалу, чии граѓани без виза можат да патуваат во 130 земји.
Црногорскиот пасош е на 37. Место, кое го дели со турскиот пасош, а со нив без виза може да се патува во 129 земји.
Пасошот на БиХ е на 44. место, а оние што го поседуваат можат без виза да посетат 121 земја.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот