X
 27.06.2020 Здравје

Денеска има 150 нови случаи на Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 1086 тестирања, а регистрирани се 150 нови случаи на Kовид-19, соопшти Министерството за здравство. Починати се 9 лица, а оздравени се 30 пациенти.

Новозаразените по градови се од:

- Скопје 93
- Куманово 7
- Штип 3
- Прилеп 4
- Тетово 12
- Струга 3
- Битола 1
- Охрид 9
- Гостивар 3
- Кочани 1
- Кичево 8
- Ресен 5
- Неготино 1

Починати се 9 лица, шест пациенти од Тетово и тројца пациенти од Скопје.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти.

- Скопје 21
- Штип 3
- Прилеп 2
- Тетово 3
- Битола 1

Досега во земјата се направени вкупно 57.895 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.


Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5906, бројката на оздравени пациенти е 2236, на починати е 277, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3393.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје