X
 27.06.2023 Живот

Најдобра инвестиција - купил доживотен авионски билет и го видел светот

Во 1990 година Американец од Њу Џерси платил 290.000 долари за „најдобрата инвестиција“ во својот живот и прелетал доволно километри за да оди на Месечината и назад повеќе од 20 пати.

Том Стакер купил доживотен билет од „Јунајтед ерлајнс“ пред повеќе од три децении и оттогаш „живее како султан“ на нивна сметка. Во последните 33 години тој прелетал повеќе од 37 милиони километри. За споредба, мисијата „Аполо 11“, која ги однесе Нил Армстронг и неговите колеги на Месечината, помина милион и пол километри.

Покрај тоа, шеесет и деветгодишникот посетил повеќе од 100 земји. Само во 2019 година тој поминал 2,3 милиони километри. Да ги плател тие летови, ќе го чинеле 2,44 милиони долари.



Истовремено, тој собирал бонуси за помината дистанца и бил првиот патник на „Јунајтед ерлајнс“ што собрал 16 милиони километри. Благодарение на овие бонуси, му следувале луксузни хотелски апартмани, крстосувања и оброци насекаде низ светот. Добил и ваучери со кои му помогнал на својот брат да ја реновира куќата. Тој победил и на хуманитарна аукција да се појави во епизода на „Сајнфилд“, така што вложил 725.000 бонус километри.

Меѓутоа, сите моменти во авионите не биле пријатни. Додека летал тој бил сведок на смртта на четири лица.



- Сите беа срцеви удари. Дури и познавав некои од нив. Тие само умреа на своите места. Последниот што почина седеше до мене на летот од Чикаго до Токио. Го покрија со ќебе и му ставија појас - раскажал тој.

Сепак, и покрај тоа, тој продолжува да лета. Досега со сопругата бил на 120. меден месец.

Извор: Buka
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот