X
 27.09.2018 Технологија

Додаток на „Гугл Хром“ што го забрзува работењето на компјутерот

Сигурно повеќето од вас се нашле во ситуација да имате отворено премногу табови на веб-пребарувачот. Но, ако го користите „Гугл Хром“, за кратко време веб-пребарувачот ќе почне да се бори со тежината на сите тие табови.

Иако е добар веб-пребарувач, во споредба со другите пребарувачи „Хром“ е „супергладен“ и го јаде вашиот РАМ. Тоа значи дека за брзо време вашиот компјутер ја достигнува границата и почнува да забавува. Дури и кога ќе затворите неколку табови, пребарувачот држи премногу моќ во заднина.

За среќа, постојат неколку трикови што можете да ги искористите за да ослободите РАМ, со што работите ќе одат полесно. Една од најдобрите алатки во моментов е „The Great Suspender“. Функционира како додаток што помага да се намали меморијата на „Хром“ со автоматско суспендирање на табовите за да се ослободат ресурсите на системот.

јазичиња

Додатокот е бесплатен, но треба да имате предвид дека одвреме-навреме се појавува реклама што ви овозможува да донирате. Можете да поставите временска граница кога табовите ќе бидат ставени на „спиење“, а ако сакате да вратите некој, едноставно кликнете ја веб-страницата.

За да го преземете додатокот, треба да притиснете „Add to Chrome“ на десниот горен агол од веб-страницата на „Great Suspender“. Потоа страницата ќе ви овозможи да изберете колку долго сакате табовите да не бидат активни - од 20 секунди до 2 недели, како и некои други алатки, како воопшто да не се суспендираат табови што имаат аудио.

1
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија