X
 27.10.2021 Технологија

Постои начин да се прочитаат избришаните пораки на „Вацап“

Сите ние некогаш испраќаме пораки по грешка. За среќа, „Вацап“ нуди можност да се избришат таквите пораки пред да ги види другата страна. Но, треба да знаете дека постои начин овие пораки сепак да бидат прочитани.

Тоа е можно со помош на апликацијата „Нотификејшн лог еп“ (Notification Log App). Станува збор за апликација која ги забележува сите известувања што ги добивате на телефонот.

Значи, секогаш кога ќе пристигне известување дека некој испратил порака на „Вацап“, дури и доколку испраќачот ја избрише пораката, оваа апликација ќе го регистрира известувањето, а со тоа и пораката.

Таа лесно се презема на телефонот, а бара само да се дозволи пристап до „Вацап“ и до другите апликации што се користат.

Извор: Studentski
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија