X
 27.10.2023 Технологија

Никогаш не кликнувајте на овие зборови кога сурфате на интернет, предупредува експерт за безбедност

Понекогаш доволен е само еден погрешен клик додека сурфате на интернет за работите да тргнат наопаку, односно да преземете некоја злонамерна програма на вашиот компјутер или телефони за хакерите да стигнат до вашите лични податоци.

Експертите за безбедност често повторуваат слични совети за да ја зголемат безбедноста на вашите уреди и многуте услуги што ги користите на интернет.

Дека е потребна голема претпазливост при сурфање на интернет, предупредува и експертот за безбедност од „Мекафе“, кој конкретно предупредува за опасноста од „спајвер“ и начинот на кој таквите програми може да се преземат на компјутер или телефон, па без знаење на корисникот може да следи што тој пишува. На тој начин ќе се добијат важни податоци како корисничко име и лозинка, броеви од кредитни картички и слично. Притоа, овој експерт издвојува четири збора кои можат да бидат многу опасни, особено кога се појавуваат во форма на „скокачки прозорчиња“.

Никогаш не кликнувајте на „Прифаќам“, „Во ред“, „Ок“, „Не“ или „Да“ во скокачките прозорчиња бидејќи овие дејства може да предизвикаат автоматско преземање шпионски софтвер, предупредува тој. Наместо да кликнете на тие зборови, во сомнителни ситуации, тој советува да го затворите интернет-пребарувачот, не со кликнување на „Х“, туку преку менаџерот на задачи на компјутерот или преку опцијата за принудно откажување.

Закана и од вештачката интелигенција

Дополнително, експертот, кој сакал да остане анонимен, советува уште една логична работа, а тоа е избегнување преземање датотеки од небезбедни извори, како торентите. Важно е користењето на најновите верзии на оперативните системи, како и софтверот што се користи бидејќи, покрај новите опции, таквите верзии ги содржат и најновите безбедносни надградби.

Експертот за вештачка интелигенција Лиза Палмер предупредува дека вештачката интелигенција претставува зголемена закана за корисниците преку персонализирани шеми за фишинг.

Таа вели дека вештачката интелигенција може да создаде високо персонализирани кампањи кои можат да бидат крајно убедливи и потсетува на ситуацијата од Аризона кога мајка го слушнала гласот на нејзината ќерка како ѝ кажува дека е киднапирана и дека киднаперите бараат откуп, но гласот на девојката всушност бил создаден од вештачката интелигенција.

Слични измами со помош на вештачка интелигенција и гласовно клонирање се пријавени и во други американски држави. Ова се само дел од примерите кои покажуваат колку можат да бидат софистицирани измамите денес и дека вештачката интелигенција може да ги измами и највнимателните.

Извор: Zimo.dnevnik.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија