X
 27.10.2023 Технологија

Од стуткана хартија до ремек-дело - нова ВИ-алатка дизајнира цели згради

Дизајнерот Тим Фу ја тестирал ВИ-алатката „Лук-екс“ (LookX), која е програмирана за работа на архитектонски проекти. Фу од свиткани листови хартија создал модели на згради во стилот на архитектите Френк Гери и Заха Хадид.

Алатката „Лук-екс“ излезе во јуни и создава содржина со помош на вештачка интелигенција, а е посебно дизајнирана за вљубениците во архитектурата. Обучена е на архитектонска база на податоци. Дизајнерот објаснува дека алатката е подобра од другите слични алатки кога станува збор за добивањето готови резултати бидејќи е специјално обучена за архитектонски модели.




Фу ја користел алатката за да дизајнира згради користејќи визуелна подлога од стуткана хартија, која се потпира на идејата за „стутканата“ зграда на Френк Гери во Сиднеј.

- Сакав да покажам како вештачката интелигенција може да ја интерпретира произволноста на подлогата и да произведе многу префинети резултати, покажувајќи на тој начин како остриот контраст помеѓу каприциозност и намерата може да игра улога во дизајнот - вели Фу.

Фу направил и дизајни кои потсетуваат на стиловите на други архитектонски фирми користејќи го режимот „Експлор“ (Explore) во алатката, кој им овозможува на корисниците да избираат основи и модели на стилови, да поставуваат слики, да внесуваат клучни зборови и да ги приспособат контролните параметри.



- Ги направив овие дизајни само врз основа на внесување слики, односно фотографии од стуткани хартии - открива Фу.

Извор: Gradnja
Насловна фотографија: Tim Fu (Instagram)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија