X
 28.02.2024 Наука

Вашата насмевка може да ги направи другите луѓе среќни, дури и ако вие сте тажни

Експериментите со електрична стимулација за да се предизвикаат насмевки, дури и кога учесникот не бил весел, покажуваат дека самиот физички чин на насмевка прави луѓето во непосредна околина да бидат посреќни.

Истражувањето спроведено од д-р Себастијан Корб, од одделот за психологија на Универзитетот во Есекс, покажува дека дури и кратката слаба насмевка прави лицата на непознатите луѓе да изгледаат повесело.

- Револуционерно е откритието дека контролираното, кратко и слабо активирање на мускулите на лицето буквално може да создаде илузија на среќа на инаку неутрално, па дури и кога станува збор за малку тажно лице. Тоа е важно за теоретските дебати за улогата на повратните информации на лицето во перцепцијата на емоциите - вели д-р Корб.

Испитувањата на Универзитетот во Ексетер беа засновани на работата на Чарлс Дарвин, кој на своите гости често им покажувал фотографии од луѓе чии лица биле електрично стимулирани, па од нив барал да ја опишат емоцијата што се прикажува.

Тие слики ги направил францускиот лекар Душен де Булоњ, кој аплицирал електрична струја на различни мускули на лицата на субјектите, предизвикувајќи тие да се згрчат во различни изрази, па ги фотографирал резултатите.

Дарвин верувал дека постојат универзални емоции кои можат да се пренесат преку изрази на лицето и објавени цртежи од работата на Душен.

Перцепција на среќата

За време на истражувањето, на 47 испитаници им бил пуштен мал напон на лицето со помош на електроди кои ги стимулирале мускулите во насмевка. Им биле покажани дигитални аватари и било побарано од нив да проценат дали изгледаат среќно или тажно. Во половина од испитувањата мускулите на насмевка биле активирани на почетокот на лицето.

Тимот открил дека продуцирањето слаба насмевка во 500 милисекунди е доволно за да се поттикне перцепцијата на среќата.

Истражувањето може да укаже на идни третмани за депресија или други нарушувања кои влијаат врз изразувањето, како што се Паркинсоновата болест и аутизмот.

- Се надеваме дека во иднина ќе ја применуваме оваа техника за да го истражиме препознавањето на емоциите на лицето, за луѓе со состојби како Паркинсоновата болест, за кои е познато дека имаат намалена спонтана мимикрија на лицето и оштетено препознавање на емоциите на лицето - рече д-р Корб.

Извор: Yahoo.news.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука