X
 28.03.2022 Живот

Се подготвуваме за прво одделение со Биби и Боби

Од 4 април почнува курс за сите идни првачиња! Наменет е за деца од 5 години и нагоре, а предвидени се 16 часа (двапати неделно).

На часовите преку игри, на интересен, креативен и забавен начин, ќе ги подготвиме децата за почеток на прво одделение. Заедно со Биби и Боби ќе учиме содржини кои се од голема важност за предзнаењата што треба да ги стекнат децата пред почетокот на првото одделение. Содржините што ќе се изучуваат се по предметите: македонски јазик, математика, природа и општество, уметност и музика. На секој час ќе се обработува различна наставна содржина, а ќе биде дополнет со видео со Биби и Боби, различни активности преку анимирани визуелни презентации, работни листови, игри, вежби, песнички, кои специјално ги подготвивме за најмалите. Децата ќе учат преку визуелна перцепција, користење манипулативи, истражување…

Повеќе информации за курсот и начинот на пријавување на следниов линк.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот