X
 28.05.2020 Живот

„Нивеа“ обезбедува донации за националните организации во Македонија

Компанијата „Beiersdorf“, која стои зад брендот NIVEA, донираше 5.000 евра во рамки на својата меѓународна програма за поддршка на колективната борба на општеството против ширење и влијание на Ковид-19, на Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Северна Македонија.

Програмата за директна поддршка е во согласност со новиот концепт на компанијата „Care Beyond Skin“,и ја покажува одлучноста на „Beiersdorf“ да оди пошироко од својата основна дејност – негата на кожа - и да даде максимален придонес за општеството и планетата.

-Пандемијата на вирусот Ковид-19 во многу краток временски период стана закана по здравјето и речиси го замрзна социјалниот живот, што досега беше незамисливо. Со овие донации, „Beiersdorf' сака да обезбеди поддршка на националните организации кои им помагаат на сите луѓе на кои им е потребна помош во овие тешки времиња, како што е и Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки - истакна Бранко Котарац, генерален директор на компанијата.

Голем број здравствени работници, вклучително и многу медицински сестри, техничари и акушерки, се на првите редови на борбата против Ковид-19. Од таа причина, „Beiersdorf“ сака да им помогне да ја добијат потребната медицинска опрема - заштитни костуми, очила, маски и антисептици.

Меѓународна програма за поддршка на „Beiersdorf“.

Кон крајот на март, „Beiersdorf“ AG ја објави својата меѓународна програма за поддршка: Групацијата има намера да додели грантови од 50 милиони евра за да помогне во управувањето со кризни ситуации, особено во епицентри на болести, како и за региони со неразвиени здравствени системи и лоша инфраструктура. „Beiersdorf“ ќе соработува со меѓународни организации и локални власти за да обезбеди максимална поддршка на лицата кои имаат потреба од тоа.

Непосредните мерки вклучуваат низа преземени активности, како што е меѓународна донација од 1.000.000 литри средства за дезинфекција. Во меѓувреме, „Beiersdorf“ во своите фабрики на пет континенти произведува средства за дезинфекција. Донации од најмалку 5.000.000 NIVEA производи за нега на кожата и рацете се дистрибуирани на медицинскиот персонал ширум светот, чија кожа во моментов е особено изложена на различни влијанија.

Мерките за итни случаи вклучуваат директна финансиска поддршка на невладини организации, како меѓународни, така и локални партнери на групата „Beiersdorf', кои во моментов се соочуваат со големи предизвици. „Beiersdorf“, исто така, ги поддржува личните донации на своите вработени во меѓународните хуманитарни организации ширум светот со тоа што ги удвојува.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот