X
 28.09.2020 Живот

Добитниците на рекордната 7-ка на Лото 7 им се заблагодарија на играчите за добивката

Семејството Јанковски од Битола, кое на 12 септември ја постигна најголемата 7-ка во историјата на Државна лотарија, беше во посета на студиото каде што се одржуваат извлекувањата на играта на среќа Лото 7.  Биљана, Лаци, Кирил и Димитар им се заблагодарија на играчите што учествувале во нивната добивка.

Јанковски се скромно, работливо и сложно семејство од Битола. Првите коментари на битолчани за нив беа дека 7-ката „паднала“ на вистинско место - кај добри луѓе.

Од моментот кога се согласија за јавна објава, бевме во заедничка посета на среќното уплатно место во Битола – Алек Табак (на Ат пазар), а следната средба ја закажавме за во студиото на Лото 7 во Скопје (телевизија „Канал 5“).  

Пресреќни се за добивката и велат дека сè уште се како во сон.

Лото-емисијата на 12 септември, кога во коло 73 беа извлечени нивните среќни броеви, не ја гледале бидејќи викендите ги поминуваат работно во родното село на Лаци, во близина на Битола.

Семејството Јанковски пред оваа саботна емисија (две недели по нивната постигната 7-ка), покрај водителката Марјана и на препознатливата Лото 7 сценографија, со видна возбуда и радост, ги споделија сегашните чувства и чувствата во првите моменти од дознавање за добивката. Лаци ги уплатил бројчињата утрото на 12 септември, а потоа заминале од градот поради обврските на нива. ТВ-извлекувањето не го следеле, но наредниот ден откако се вратиле во Битола, сите освен Лаци, Кирил проверил на веб-страницата на Лото и по телефон му ги читал бројчињата на својот татко. Лаци ги препознал сите бројчиња во 4-тата комбинација. Не му се верувало, ги повикал да се вратат кај него и заедно да проверат. Два дена потоа во Државна лотарија, со донесување на потврдата за уплата, добивката им беше официјално потврдена. Уплатата изнесува 100 денари за четири комбинации Лото 7 и еден Џокер. Токму 4-тата комбинација со броевите: 8, 11, 20, 22, 28, 31 и 35, им донесе 7-ка вредна 31 165 143 денари.

1

Семејството Јанковски застана под среќна ѕвезда, а продажното место „Алек Табак“ во Битола, кое пред 7-ката донесе и неколку 6-ки, ја понесе титулата за најсреќно уплатно-исплатно место во нашата земја.

Упатувајќи благодарност до играчите, порачаа дека во среќата треба да се верува и треба да се остане во игра за да се добие.

„Ние знаеме оти сите играчи учествуваме во фондот на премијата и другите добивки, еднаш едни добиваат повеќе, другпат други, ова е игра за народот. Ред е тие што добиваат да се заблагодарат, да се знаат кои се и да си ја споделат радоста“, рече Билјана Јанковска, на што нејзиниот сопруг Лаци се надоврза: „Ова не е лага, вистина е, кој игра, тој добива. Јас играм со години и еве сега добив, нека веруваат и да не се откажуваат“.

На крајот од средбата им ја подаривме снимената лото-емисија од извлекувањето на коло 73 - Лото 7, реализирана на 12 септември, која иако премиерно не ја гледале, ќе ја паметат цел живот. 

2

Државна лотарија им се заблагодарува на членовите на семејство Јанковски од Битола за нивната доблест за јавно претставување и споделување на својата радост. Игрите на среќа се организираат за забава и можни добивки за сите наши граѓани, со цел добросостојба на општеството, а сите учесници имаат еднакви шанси за добивка.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот