X
 28.09.2022 Живот

Вака изгледале жените во Иран пред 50 години

Пред Иранската револуција во 1979 година, Иранките изгледаа и се однесуваа како жените на Запад.

Фотографиите направени во 70-тите години на улиците во Иран се речиси неверојатни од денешна перспектива - девојките и жените шетаат без хиџаб, во здолништа и фустани, носејќи што сакаат. Времето на плажа го поминувале во дводелни костими за капење.

За изгледот и однесувањето на жените во Иран пред револуцијата, најдобро сведочат фотографиите на иранската царица Фара Пахлави, која ги обожавала модата и уметноста и била икона на своето време до моментот кога таа и нејзиниот сопруг Мухамед Реза Пахлави не биле протерани од земјата.

Иранската царица носела здолништа, панталони, фустани со принт од леопард и сето она што сакала да го носи, а немало проблем ниту да се фотографира во костим за капење. Истата мода ја следеле речиси сите млади жени во Иран. Покрај козметиката и модата, младите жени во Иран имале пристап до образование и биле вклучени во речиси секој сегмент од општеството во тоа време. Фотографиите во продолжение се доказ за тоа:

2

3

3

5

6

7

Вака изгледаат денес жените во Иран:

zeni
Извор: 6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот