X
 28.09.2023 Живот

Почина Мајкл Гамбон, познат како Дамблдор од „Хари Потер“

Актерот Мајкл Гамбон почина на 82-годишна возраст, пренесува Би-би-си. Тој беше најпознат по улогата на Албус Дамблдор во шест од осумте филмови „Хари Потер“.

Актерот, родум од Даблин, работел на ТВ, филм, театар и радио во неговата шестдецениска кариера.

Неговата сопруга и синот изјавиле дека актерот починал мирно во болница со семејството покрај него по боледување од пневмонија.



Извор: BBC
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот