X
 10.11.2016 Култура

Внукот на Ганди кој работел како научник во НАСА починал во најголема беда

Канубаи Рамдас Ганди бил внукот на Махатма Ганди, човекот кој многу Индијци го нарекуваат „таткото на нацијата“. Починал во мала болница во која не можел ниту да го плати лечењето. Тоа е неславен крај на животот на човек кој 25 години бил посветен на развојот на науката во НАСА.


Канубаи е дете на третиот син на Ганди Рамдас. Поголемиот дел од Индијците го паметат од времето кога шетал со својот дедо во Мумбаи, но во САД живеел четри децении и бил познат како посветен научник. Американскиот амбасадор во Индија Џон Кенет Галбрајт во 1961 година го препорачал Канубаи за студиите на Технолошкиот Институт во Масачусетс, а по студиите, внукот на Ганди се вработил во НАСА и во Министерството за одбрана на САД каде што прокетирал крила за воени авиони. Неговата жена била професорка во Институтот за биомедицински истражувања во Бостон. Немале деца.

 
Никој не знае зошто по пензионирањето, тој одлучил да се врати во Индија. Неговата жена своевремено изјавила дека уништиле се што имале и се вратиле во татковината. Парот живеел во манастири а потоа се преселил во дом за стари лица во Њу Делхи, каде што спиеле на под. Стара нивна пријателка морала да собира средства за лечењето на Канубаи, откако доживеал срцев удар. Сепак, внукот на Ганди останал парализиран. Иако многу политичари дошле да го посетат и да му понудат пари, тој по лежење на интензивна нега, за една недела починал.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура