X
 28.10.2019 Образование

Промоција на книга за Данило Први Петровиќ Његош на Филозофски факултет

Промоција на книгата „Портрети Књаза Данила I Петровића Његоша“ од Саша Брајовиќ ќе се одржи утре во 12 часот во Салата на Филозофскиот факултет во Скопје. Книгата е издание на „Матица црногорска“.

Книгата ќе ја промовираат деканот на Филозофски факултет, проф. д-р Ратко Дуев, и црногорската амбасадорка во земјава, Марија Петровиќ. За делото ќе зборуваат проф. д-р Далибор Јовановски, Мирољуб Орландиќ и авторката.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование