X
 28.11.2023 Живот

Амстердам бесплатно им позајмува товарни велосипеди на жителите за собирање отпад

Градот Амстердам ги извести своите жители дека може бесплатно да позајмат електричен карго-велосипед и да го користат за да однесат отпад до една од точките за рециклирање во градот.

Постојат неколку цели на оваа понуда - промовирање на употребата на одржливи начини на мобилност, како што се товарни електронски велосипеди, давање можност на жителите да бидат попроактивни и вклучени во управувањето со отпадот на јавните простори во нивната околина и погодност за оние што не поседуваат автомобил или возачка дозвола.

Општо е познато дека велосипедите ги има во голем број во Амстердам, а многу жители имаат интерес за отстранување на најголемиот дел од отпадот.

Начинот на кој ќе функционира услугата е граѓаните да аплицираат на веб-страницата на градот за да резервираат карго-велосипед за одреден ден, време и локација. Откако ќе се регистрираат, ќе добијат е-пошта за потврда од Градското собрание.

Постојат четири пункта за рециклирање кои бесплатно ќе позајмуваат карго-велосипеди. Доколку проектот биде успешен, планот е да се прошири достапноста на велосипеди на сите седум точки за рециклирање во Амстердам. Покрај отпад на големо, товарните велосипеди се погодни за транспорт на хемиски отпад и остатоци од масло за јадење.

Извор: Pametni gradovi
Насловна фотографија: City of Amsterdam
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот