X
 28.12.2019 Технологија

Куќата на иднината на „Тесла“ штити од нуклеарни напади

Засолништата во случај на апокалипса стануваат сè попопуларни, па на трендот му се приклучи и новиот проект за сајбер-куќа на компанијата „Тесла“.

Сајбер-куќата е дизајнирана да штити од нуклеарни закани, а има и лифт дизајниран специјално од „Сајбертрак“. Станува збор за проект дизајниран од група руски архитекти во рамките на агенцијата „Модерн хаус“, инспирирана токму од „Сајбертрак“. Плановите сè уште се само на хартија, а експертите што стојат зад нив објаснуваат дека станува збор за конструкција која, баш како и последното возило на „Тесла“, е дизајнирана за живот во постапокалипса.

Сајбер-куќата всушност е луксузен бункер на повеќе нивоа, а ѕидовите се изработени од засилени бетонски блокови и челик, па користените материјали го намалуваат влијанието на надворешните фактори. Во центарот на градбата се наоѓа атриум со лифт, а куќата има 300 квадратни метри и во неа може да се сместат 6-7 луѓе.

Почетната цена е 865.000 долари, во која е вклучена само основната конфигурација.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија