X
 29.03.2022 Живот

Ја измами богатата њујоршка елита: По серијата на „Нетфликс“, Ана Сорокин има нов проект

Како што е познато, таа издржува затворска казна во Њујорк за измама од над 200.000 долари, а своите нови цртежи има намера да ги покаже на почетокот од следниот месец, но сѐ уште не се знае каде.

Ана, која своевремено се претставуваше како богата наследничка која се обидува да собере средства и да отвори ексклузивна уметничка галерија, ги сликаше своите дела во притворското одделение, каде што ја чека депортација во Германија.

- Ана треба да има околу 20 цртежи за нејзината самостојна изложба во април. Секој од нив ќе се продава за околу 10.000 долари - изјави Крис Мартин, претставник на Делви и коосновач на „Фаундерс арт клаб“, кој го опишува како советодавно тело и група влијателни колекционери.

- Таа има интригантен стил, но поважни се нематеријалните работи што ги дава. Луѓето едноставно се фасцинирани од неа - вели Мартин.

Инаку, во тек е изложбата „Ослободете ја Ана Делви“, со која се собираат средства за нејзината правна борба. Таа, исто така, беше тема на мини-серијата на Нетфликс „Измислувајќи ја Ана“ на почетокот на оваа година.

Ана Делви е едно од двете лица претставени од „Фаундерс арт клаб“, а другото е исто така светски познат измамник: Алфредо Мартинез. Мартинез беше осуден на 21 месец затвор, почнувајќи од 2002 година, за продажба на фалсификати од Жан Мишел Баскија, кои им ги продавал на истакнати колекционери за повеќе од 100.000 долари.

- Додека Алфредо беше во затвор, тој создаваше уметност и продаваше - вели Мартин.

Делото што Мартинез го направи во затвор, „Затворски цртеж (пиштол)“ од 2004 година, моментално се наоѓа во колекцијата на Музејот на модерна уметност.



Извор: Artnews.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот