X
 05.04.2024 Живот

Чинел 100 милијарди долари, а денес никој не живее во него: „Градот на духови“ во Малезија

Целиот концепт на еколошки прифатлив град со текот на годините станува сѐ поприсутен, а еден таков пример на мегаград во Малезија, наречен „Шумски град (Форест сити)“, веќе со години е „град на духови“.

Мегаградот требало да биде голема кинеска инвестиција кога првпат бил претставен проектот, но речиси никој не живее таму. Крајбрежниот град во Малезија, чија изградба чинела 100 милијарди долари, е дизајниран да смести до милион луѓе, заедно со терен за голф, воден парк и ресторани.

Работата на проектот почнала во 2016 година, но сѐ уште не е завршена. Според Би-би-си, само околу 15 отсто од градот е изграден, а само еден отсто од изграденото е населено. Од Би-би-си, исто така, соопштиле дека целта била продажба на недвижен имот во Малезија на кинески купувачи - во суштина да им даде „дом далеку од дома“. Сепак, цените излегле од контрола и куќите во Малезија ги надминале буџетите на многу луѓе.

ИТ-инженерот Назми Ханафија изјавил дека се преселил од градот по само шест месеци. Тој имал изнајмено еднособен стан со поглед на море.


- Успеав да излезам од ова место. Не ми беше грижа за депозитот, не ми беше грижа за парите. Само морав да излезам - рекол тој.

Пандемијата го запрела градежниот процес на одреден временски период. Во суштина, парите од продажбата на становите биле наменети за финансирање на остатокот од градот.

 

И покрај тоа што работите изгледаат прилично мрачни сега, кинескиот инвеститор „Кантри гарден“ е оптимист дека градот на крајот ќе биде завршен. Но, компанијата се соочува со долгови од речиси 200 милијарди долари.

Извор: klix.ba

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот