X
 29.10.2023 Технологија

Цепелин на соларен погон ќе направи круг околу светот

„Јуро ершип“ (Euro airship), компанија специјализирана за проектирање, конструирање и продажба на цепелини, најави дека ќе пушти цепелин кој ќе направи пат околу светот без пауза.

Цепелинот „Солар ершип уан“ (Solar airship one) притоа нема да произведе емисии на јаглероден диоксид бидејќи ќе работи на соларни панели. Во текот на денот соларните панели ќе произведуваат енергија за цепелинот, а истовремено ќе се складира енергија за ноќното летање со електролиза на водата во водород. Ноќе водородот ќе поминува низ горивната ќелија, обезбедувајќи енергија за продолжување на летот.

Со цепелинот ќе управуваат поранешниот француски астронаут и пилот на воздухопловните сили Мишел Тоњини, аеробатскиот пилот Дорин Бурнетон и авантуристот Бертранд Пикард.

Тимот се подготвува за патување околу светот во 2026 година. Се очекува цепелинот да се движи со просечна брзина од 83 километри на час, а патувањето треба да трае околу 20 дена. Во текот на патувањето цепелинот ќе се задржи околу екваторот на висина од околу 6.000 метри.


Извор: Pametni gradovi
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија