X
 30.01.2024 Живот

Неверојатна снимка направена од велосипедист го прикажува секојдневието во Пјонгјанг

Северна Кореја е полна со мистерии поради строгите ограничувања што го формираат животот на нејзините граѓани. Дури и туризмот е строго контролиран, а снимките што излегуваат се ограничени, особено видеата што го прикажуваат секојдневниот живот таму. Но, на интернет се појави ретко видео од прошетка со велосипед низ улиците на Пјонгјанг, нудејќи поглед во секојдневието на главниот град на Северна Кореја.

Видеото најверојатно го снимиле двајца индонезиски туристи, кои се слушаат како прашуваат дали треба да возат по тротоар или по главниот пат. Забележуваат и Севернокорејци кои зјапаат во нив, со оглед на тоа што се странци. Во 12-минутното видео се гледа како тие поминуваат низ улиците најверојатно за време на шпицот, кога луѓето патуваат до или од работа.

На снимката се гледа град со малку знаци и реклами. Низ градот преовладува советската архитектура, со широки и чисти улици. Се чини дека времето е студено бидејќи можат да се видат луѓе кои носат јакни и шалови. Иако нема датум на снимката, оние што ја познаваат Северна Кореја посочуваат дека таа е направена пред 2019 година.

Исто така, може да се забележат возила на улиците, од воени џипови до стари автомобили „мерцедес-бенц“ , па дури и „лексус Ел-екс“ од третата генерација. Според јутјуб-корисникот „urban1960“, зградата прикажана на третата минута е универзитетска болница.

 

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот