X
 30.05.2022 Забава

Новинар пред 24 години ветил дека ќе изеде чевел ако излезе продолжение од „Топ ган“ - сега го исполни ветувањето

„Топ ган“ со Том Круз е еден од ненадминливите класици и сега, по цели 36 години, конечно го дочекавме неговиот втор дел. Откако помина толку време, многумина изгубија секаква надеж дека некогаш ќе има продолжение на филмот.

Првиот „Топ ган“ беше претставен во далечната 1986 година, за денес да го добие вториот дел. Многумина одамна се откажаа од идејата за продолжение, но сега пристигнува како шлаг на тортата за сите оние што беа подготвени да ја стават „раката в оган“ дека тоа никогаш нема да се случи.

Еден од нив е и новинарот Мет Печес, кој во 2010 година во својата, сега избришана твитер-објава, напиша дека ќе изеде чевел ако се случи „Топ ган 2“.

Но, 12 години подоцна работите се променија, па не само што новинарот си ги „изеде“ зборовите, туку и другото.

Пред неколку дена, на својот јутјуб-канал Печес објави видео под наслов „Изедов чевел поради Топ ган 2“, а на него се гледа како тој си го одржува ветувањето.

За да не претрпи значителни дигестивни проблеми, тој одлучил да направи чевел од овошје и врвки од шеќер. За да биде предизвикот поцелосен, во импровизираниот чевел Мет одеше по улица и по тревникот.

Исто така, на својот твитер-профил сподели интересен подарок од продуцентската куќа „Парамаунт“.

- Никој не го заборави моето ветување, вклучително и луѓето од „Парамаунт“ кои се прилично возбудени што не бев во право - напиша тој под фотографијата од тортата во форма на чевел што му ја испратиле.

Повикувајќи се на своето тврдење од пред 12 години, новинарот се обиде да се оправда.

- Изгледаше невозможно, но зошто да се сомневам во Том Круз. Ова беше голема грешка бидејќи тој беше уште попосветен на изведувањето акробации - заклучи Мет.

- Нема да се случи „Топ ган 3“, но не планирам да јадам друг чевел - се пошегува тој.



Извор: b92.net
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава