X
 30.10.2023 Технологија

Со 3Д-печатач изградија куќа што може да издржи земјотрес од 9 степени

Компанијата „ЦОБОД интернешнал“, која произведува 3Д-печатачи, соработувала со данската архитектонска фирма „3ДЦП груп“ за да изгради куќа од 49 квадратни метри. Двете фирми изградија куќа со ѕидови високи 3 метри за само 26 часа во текот на седум дена со помош на 3Д-печатач.

3Д-печатењето овозможува поголема креативна слобода, па архитектите решија да ѝ оддадат почит на Гватемала со нивниот дизајн.

- Ако го погледнете планот, ѕидовите се поставени да личат на шепата на јагуарот што е присутен во областа - изјави Микел Брих, извршен директор на „3ДЦП груп“.


Фото: COBOD International

Покривот од палминиот лист на куќата потсетува на „палапас“ - живеалишта со сламен покрив кои се наоѓаат низ Централна Америка. Тие се евтини, обезбедуваат топлинска изолација и се погодни за сеизмички области бидејќи се направени од флексибилен материјал.

- За да се осигуриме дека конструкцијата може да издржи потенцијални сеизмички оптоварувања, ја пресметавме потребната цврстина на градбата. Градбата е дизајнирана да издржи земјотрес од 9 степени - изјави Брих.

Сепак, екстремно високите температури во областа многу ја отежнаа нивната работа.


Фото: COBOD International

- Топлината, повеќе од 40 Целзиусови степени, и директната сончева светлина се најлошите непријатели на материјалите за 3Д-печатење бидејќи тие имаат тенденција да пукаат во такви услови. За да се бориме против ова, решивме да работиме ноќе - открива Брих. 

Зголемениот интерес за оваа технологија делумно се должи на фактот што градежниот сектор се смета за главен произведувач на стакленички гасови. Всушност, истражувачите проценуваат дека градежната индустрија сочинува 40 отсто од светската потрошувачка на материјални ресурси и 38 отсто од емисиите на стакленички гасови.



Извор: Green
Насловна фотографија: COBOD International
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија