X
 30.12.2021 Наша тема

Повеќето украси ги изработивме од дрво, вели Даниела од најубаво украсената студентска соба

Даниела Василева од Неготино, заедно со Никола Коцев од Лозово, победи на изборот за најубаво украсена студентска соба кој Факултети.мк го спроведе со помош на читателите.

Даниела студира архитектура, а Никола - дизајн на мебел и ентериер и тие сето знаење и вештини од студирањето ги вложиле во уредувањето на малата собичка во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во центарот на Скопје.
Даниела дојде да си го подигне ваучерот и ни раскажа како добила инспирација за да ја украси собата.

- Јас сум четврта година на студии и на почетокот не ги украсував собите, но минатата година, поради пандемијата, бев сама в соба, па некако дури и собата во студентскиот дом „Гоце Делчев“ ми се виде голема и решив да ја украсам. Некои од украсите си ги искористив и оваа година - ни објасни Даниела.

Таа и Никола буквално ја трансформирале собата во уметничко дело. Сами ги поткренале креветите за да имаат повеќе простор за складирање и сами си ги изработиле полиците и украсите.

- Најголем дел од украсите во собата ни се целосно рачно изработени од дрво. Со многу мерак ја украсувавме собата и навистина се потрудивме да ја направиме убава - истакна Даниела.

Трансформацијата на собата на Даниела и Никола
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема