X
 30.12.2022 Живот

Ангела од Кочани ја има најдобро украсената студентска соба

Ангела Мицова од Кочани победи на изборот за најдобро украсена студентска соба кој Факултети.мк го организира втора година по ред.

Ангела студира фармација и веќе е во последната година од студиите. Таа нè посети и ни раскажа како се инспирирала за да ја украси собата.

- Спонтано ја украсив мојата соба затоа што сакав да ја доловам топлата новогодишна атмосфера во овие студени денови и не очекував дека за тоа ќе добијам награда, па во оваа пригода би сакала да им се заблагодарам на сите што ја поддржаа мојата идеја - рече таа.

Погледнете ја најдобро украсената соба за годинава.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот