X
 31.01.2024 Забава

Цвеќарница во Дубаи нуди букет од 82.000 долари за Денот на вљубените

Цвеќарницата „Фло бери“ од Дубаи подготвува нешто специјално за Денот на вљубените. Таа нуди бесплатна чанта од француската модна куќа „Хермес“ за оние што ќе купат специјално дизајниран букет за Денот на вљубените.

Најевтината понуда чини 12.000 долари и вклучува црна кожена чанта од „Хермес“. Најскапата понуда чини 82.000 долари и вклучува чанта со кожа од крокодил.

Цвеќарницата прима нарачки на официјалната веб-страница.



Извор: Luxury launches
Насловна фотографија: FloBerry
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава