X
 31.07.2018 Култура

Како настанала „Галебот и јас“ - една од најубавите песни на Оливер Драгојевиќ?

Оливер Драгојевиќ почина во 2018 година на 71-годишна возраст, оставајќи зад себе голем број антологиски песни, поради кои ќе остане во колективната меморија.

Најубавата од тие антологиски песни е „Галебот и јас“, колоквијално позната како „Мој галебе“. Стиховите се напишани од Томислав Зупа, нотите од Зденко Рунњиќ и секако, бесмртната изведба е од Оливер Драгојевиќ.

-Како настана оваа песна? Со синот Борис, кој во тоа време имаше 7-8 години, се шетавме. Беше есен, а галебите се собираа. Малиот ми рече: -Тато, зошто не напишеш една песна за галебот?. Започнав да размислувам каква треба да биде оваа песна. Можеби филозофски разговор помеѓу човекот и галебот? Тој горе слободно лета, нема природен непријател, човекот е долу, окован во своите проблеми. Кога си отидов дома му се јавив на Томислав Зупа и му реков дека замислив песна, па го прашав што би можел да напише на таа тема - рекол во една прилика Зденко Руњиќ.

Наовдно, Руњиќ првично не бил задоволен со стиховите на Зупа, но после месец дена, седнал на клавирот и неколку пати го прочитал неговиот текст, без оптеретување од оригиналната идеја, и заклучил дека е одличен.

Слушајќи ја „Галеб“ кај Руњиќ, Оливер веднаш ја зел песната, па во летото 1975 година ја извел на фестивалот во Сплит, во тогаш новоформираната вечер на далматинските шансони. Интересно е тоа што од 12 изведени шансони, „Галебот и јас“, според гласовите на публиката, завршила осма - дебакл за Руњиќ и Оливер. Сепак, оваа соработка станува нов почеток на оној Оливер каков што го помниме. Веројатно требало да помине време за публиката да ја прифати песната.

-Не променив ниедна нота од изворната партитура. Тоа би можел да го објаснам само со напад на инспирација, посебна состојба на умот. Како во моментот да гледав некоја светлина - вели Руњиќ.

Токму така оваа песна звучи и денес. Возвишена и меланхолична, дури и длабоко тажна, сепак донесува крајна, завршна и вечна слобода и картаза каква што можеби ни Оливер не почувствувал кон животот. Во овие стихови се чувствува вечната борба помеѓу маката на овоземскиот живот и оној во небесната слобода за која сонуваме. Слобода која, додека сме ние тука на земјата, му припаѓа само на тој галеб чиј лет го набљудуваме додека лежиме покрај морето.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура