X
 18.06.2017 Култура

Наскоро ќе го дознаеме вистинското потекло на Џон Сноу?

jon snow
Фото: НВО

Џон Сноу има многу повеќе кралска крв отколку што мислеа фановите.

Внимание: Текстот во продолжение содржи спојлери!


Како што можевме да видиме во последната епизода од шестата сезона, визиите на Брен и способноста да патува надвор од неговото тело го открија вистинското потекло на Џон Сноу и неговото вистинско име: Џехерис Таргариен.

Брен сега се наоѓа во непосакувана ситуација, каде тој и сам со Мира, а има информација која би можела да ја промени целата приказна“, открива Исак Хемпштед Рајт, кој го глуми Брен.

И не само тоа. Брен знае и доста работи за Белите шетачи.

Доколку овие претпоставки се точни, би се потврдила идејата која се најавуваше уште со завршувањето на шестата сезона, кога Лијана Старк наводно му го шепнала името Џехерис на Нед Старк кога починала.

Џехерис I, најдолговечниот владетел на монархијата Таргариен во историјата на Вестерос, бил јавач на змејови и познат под името Џехерис Мудриот. Владеел заедно со неговата избраничка Алисан, а нивниот народ ги обожавал.

Има смисла што Лијана Старк сакала да го крсти нејзиниот син со тоа име (доколку ја прифатите теоријата дека таа била заљубена во Регар Таргариен, а не дека била киднапирана). Тој се смета за еден од најсаканите владетели од семејството Таргариен во историјата. Освен тоа, се верува дека Џон Сноу ќе помогне во исполнувањето на пророштвото „Змејот има три глави“, заедно со Денерис и Тирион.

Но, како што претпоставуваат многу фанови, постои нешто многу поголемо што е поврзано со пророштвото за Принцот кој бил ветен. Џехерис II, вториот носител на името (и дедото на Регар), бил кралот кој прв го добил пророштвото, кога една вештерка му кажала дека принцот ќе се роди токму од неговата лоза. Токму тоа пророштво предизвикало Регар да се заљуби во Лијана - со цел да го исполни пророштвото.

Голем дел од фановите веруваат дека Денерис Таргариен е Азор Ахаи, воинот од пророштвото кој е сличен со Принцот кој бил ветен. Се верува дека овие пророштва се за две различни лица, што значи дека Дени е воскресението на Азор Ахаи а Џон Сноу е Принцот кој бил ветен. Во секој случај, можно е роденото име на Џон да ни даде хипотеза за судбината на Џон Сноу и можното преземање на Железниот трон. Зимата замина премногу далеку.

„Game of Thrones“ се враќа на малите екрани на 17 јули.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура