Надворешна трговија

Општи информации

Профилирањето на студентите за Департманот Надворешна трговија започнува во втора студиска година со изучување на теориските основи на меѓународната економија и основните дисциплини на современата економска наука за да се заокружи профилот во трета и четврта студиска година со кои на студентите им се овозможува стекнување на знаење во областа на надворешната трговија, меѓународните економски односи и современите текови на меѓународната економија за да можат соодветно да се вклучат на меѓународниот и домашниот пазар и да одговорат на нивните предизвици.
Живееме во услови на големи промени, во земјава и на меѓународен план, во услови на големи промени на силите на меѓународниот пазар.

Од друга страна, принудени сме да учествуваме на меѓународниот пазар, бидејќи тоа е condition sine qua non, за наш опстанок и развој. Затоа се неопходни големи знаења за да може да се минимизираат штетите, а да се максимизираат користите од меѓународната економска соработка. Ако овој департман ги оспособи идните дипломирани студенти да се носат со сложените проблеми на таа соработка, може да се смета дека сме ја постигнале целта за која е основан овој департман.

Цели

По дипломирањето на Департмантот по Надворешна трговија, студентите треба да се способни да:

  • Да ги разбираат основите на функционирањето на меѓународната економија врз општо прифатените меѓународни правила;
  • Да владеат со аналитичко-критичка апаратура за да ги разбираат предностите и слабостите на различните теоретски концепции преточени во економски мерки и инструменти за водење на надворешнотрговската политика на одделните земји;
  • Да ги познаваат специфичностите на инструментите на надворешнотрговскиот систем, девизниот систем и основите на политиката на девизниот курс со цел да ги анализираат и препознаваат ефектите што овие инструменти ги имаат врз надворешнотрговската размена и билансот на плаќање;
  • Да ја познаваат современата практика на водење на бизнисот во современтото меѓународно окружување и оперативно да се вклучуваат во истото;
  • Да ги следат актуелните аспекти и процеси на регионално интегрирање во светот, особено во Европа, и нивното влијание врз современите бизнис практики.

Квалификација која се стекнува:
Дипломиран економист на Департман Надворешна трговија
Понатамошни студии:
Последипломски и докторски студии