ПочетнаSkip Navigation LinksСтудии Државни универзитети Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје

КОНКУРС ЗА УПИС 2012/2013

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е првиот државен универзитет во Република Македонија, формиран во 1949 година со три факултети.

Денес, тој претставува заедница на 22 факултетa, 5 научни институти и 11 придружни членки од кои 4 се јавни научни институти, а неговата дејност е уредена со Законот за високото образование и со Статутот на Универзитетот.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје развива студиски програми во сите научни области - општествените, техничките, природно-математичките, медицинските, биотехничките и во уметностите, а истражувачката работа, освен на факултетите, се одвива и на научните институти во состав на Универзитетот.

Сликата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, конкретно, може да се претстави низ следниве бројки: во наставно-образовниот процес на сите факултети се вклучени околу 50.000 студенти од Република Македонија во сите циклуси на студии, како и повеќе од 700 странски студенти, а над 2.700 наставно-научни и соработнички кадри го изведуваат наставно-образовниот и научниот процес на факултетите и институтите.

Во досегашниот развој на Универзитетот се создадени над 126.000 високостручни кадри, над 5.300 магистри и специјалисти и точно 2.923 доктори на науки од сите наставно-научни области.
Во вкупната дејност на Универзитетот посебен белег имаат спортските, уметничките, информативните, рекреативните и други активности организирани во разни друштва, сојузи, клубови и слично.

 

Мисијата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” е тој да биде


-  автономен, научен, високообразовен универзитет, кој обезбедува наставна, научна и апликативна дејност во техничките, природно-математичките, биотехничките, уметничките, медицинските и општествените науки;

-  универзитет посветен на негувањето и на интернационалната афирмација на традиционалните обележја и вредности на македонскиот народ (македонскиот јазик, историјата, литературата и културата) и, истовремено, на негувањето на културните вредности на другите етнички заедници во РМ;

-  универзитет отворен за сите студенти врз основа на еднаквост и резултати, без разлика на нивното идеолошко, политичко, етничко, културно и социјално потекло;

-  универзитет кој ја усогласува својата академска понуда со потребите на своето социјално опкружување и е во постојан динамичен однос со него;

-  универзитет кој креира стимулативна околина за своите вработени, овозможувајќи им развој на нивните способности, со цел за исполнување на неговата мисија;

-  универзитет кој развива доживотно и континуирано образование;

-  универзитет определен за постигнување на европските норми и стандарди во сите области на своето дејствување.

Локација на универзитетот 

Address

Скопје
Tel 
Fax  
+389
+389


Социјална мрежа 

Twitter

twitter thumb updates on Twitter

Facebook

facebook thumb updates on Facebook