Спортски менаџмент

Студиите на факултетот за спортски менаџмент ќе ја исполнат празнината од специјализирани, високостручни кадри во Република Македонија од областа на спортот и спортскиот менаџмент.

Насочувањето на студентите започнува во третата година кога може се определат за една од постојните насоки:

* Спорт;
* Спортски менаџмент.

Студиите се организирани во согласност со правилата на Болоњскиот процес со примена на кредитниот систем по модел на студии 4+1.Обезбедени се најсовремени просторни и технички услови, адекватно приспособени на специфичната практична настава и вежби кои се особено значајни за оваа област на студии.