Skip Navigation LinksСтудии Приватни Универзитети

Приватни Универзитети

Untitled Document

ФОН Универзитет

Се родивме 2003 како Факултет за општествени науки ФОН. Денес сме ФОН Универзитет, прв приватен универзитет, репер за современото високо образование во европски рамки. ФОН Универзитетот е комплетна институција која оди во чекор со современите светски едукативни трендови и своето име го гради врз цврстите темели на најквалитетниот стручен кадар од државата и надвор, притоа користејќи ги сите модерни средства и методи за едукација.

Европски Универзитет

Денес Европскиот Универзитет е модерна високообразовна институција, која постојано ја унапредува својата образовна, кадровска и материјална основа. Универзитетот обезбедува кадровска поддршка во реализација на процесот на транзиција на системот.

ЈИЕ Универзитет

Пролетта 2000 Високиот Комисионер за национални малцинства на ОБСЕ даде иницијатаива за дискусија за фондација на интернационални донатори за нов универзитет во Република Македонија. Следејќи го усвојувањето на законот за високо образование од страна на Парламентот на Република Македонија кој дозволува основање на универзитети со не-државно финансирање и главно предавање на Албански јазик, деталното планирање започна кон крајот на 2000.Изградбата започна во Март 2001 и Универзитетот на Југо-источна Европа (ЈИЕ) се отвори шест месеци подоцна со 900 студенти. Во Октомври 2002 бројот на студентитите се покачи на 2250, а во Октомври 2003 ЈИЕУ имаше 3700 студенти.

Универзитет за Туризам и Менаџмент - Скопје

Појавата на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, преку прераснувањето на Факултетот за туризам – Скопје, значеше и пополнување на повеќедецениската празнина во високообразовниот систем во земјава. Новите факултети, во рамките на Универзитетот, понудија наставни програми кои гарантираат целосен напредок не само во процесот на учење, туку гарантираат и комплетен успех во создавањето и менаџирањето на сопствената професионална кариера. Во креирањето на наставните програми на факултетите, главен акцент е ставен на соединувањето на теоријата со практиката.

University American College Skopje

Our European and American learning programs provide you with innovative strategies and techniques to distinguish yourself in the job market anywhere around the world. Whether you need your advanced degree to unlock new job opportunities or to enhance your current position, UACS is the right choice for your future success. At the University, we emphasize quality and individual attention in our undergraduate and graduate degree programs. Our students receive quality customer service from dedicated Faculty Instructors and Student Services personnel.

МИТ Универзитет

Современиот деловен свет побарува кадри кои располагаат со знаења, способности и вештини за да се предвидат чекорите за снаоѓање во неизвесноста и неодреденоста на иднината.

Со цел да се елиминираат сите конзистентни фактори кои предизвикуваат негативни тенденции и да се спречи деструктивноста и девијацијата во современото деловно работење, императивно се поставува концепцијата на наставните програми и содржини продуцирајќи нова образовна вредност и квалитет во процесот на стекнување знаења, развој на способности и вештини.

Универзитет за Аудиовизуелни уметности - ЕСРА

Универзитетот за Аудиовизуелни Уметности - Европска Филмска Академија ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк започна со работа минатата година и претставува прв приватен Универзитет од областа на аудиовизуелните уметности во Македонија. Основач на Универзитетот е господинот Јордан Плевнеш, истакнат драмски автор и Амбасадор во УНЕСКО за програмата “Дијалог на цивилизации”.

Меѓународен Универзитет Струга

Ентузијазмот и желбата за придонес кон развојот на Високото Образование беа единствените мотиви кои не водеа при формирање на Еуро Колеџ- Струга. Првите академски чекори ги започнавме со многу искреност, го одбравме потешкиот пат но ние размислуваме долгорочно и најстојувавме да изградиме Високо Образовна Институција која ќе е во чекор со современите светски текови, Институција која ќе нуди квалитетна настава со квалитетен кадар и ќе даде придонес во развојот на наставно- истражувачка работа.

Меѓународен Славјански Универзитет

Меѓународниот Славјански Универзитет (МСУ) "Гаврило Романович Державин" е корпоративен универзитет со Тамбовскиот државен универзитет "Г. Р. Державин" од градот Тамбов, Руска Федерација. Тоа значи дека ние имаме постојана соработка со рускиот универзитет која се одвива преку размени во научната, наставната и студентската сфера, заедничка организација на конференции и слични настани. МСУ започна со работа во 2004-тата година, најпрвин со Факултетот за економија и организација на претприемништвото, а потоа со отворањето на одделението во Битола, постепено се акредитираа и нови факултети. Денес во склоп на МСУ функционираат 5 факултети на кои се реализира настава од прв и втор циклус на студии

International Balcan University

International Balkan University is an education instution which was founded by Skopje Education and Culture Development Foundation. Skopje Education and Culture Development Foundation was founded in February 2006, and later this foundation has pioneered the founding of International Balkan University.