Англиски јазик и литература

Катедрата за Англиски јазик и литература при ЈИЕУ е најголемата катедра на Универзитетот со преку 300 запишани студенти на додипломски и постдипломски студии. Ние нудиме интегрирана програма за додипломски студии(BA) која е комбинација од изучување на јазици со изучување на литература, лингвистика, изучување на методологии и креирање на курикулуми и наставни програми. Ние овозможуваме одлично образование од полето на Англискиот јазик и литература, коешто ги подготвува идните професори за кариери во предавање и учење. Впрочем, поголемито дел од нашите дипломци продолжуваат со успешни кариери како предавачи на Англиски јазик во Македонија. Оваа наставна програма исто така нуди можности за оние кои имаат намера да се вработат како преведувачи и толкувачи.

Програмата на ЈИЕУ исто така ги подготвува студентите за постдипломски студии на други Универзитети, во регионот и интернационално. Но сепак, голем број од успешните студенти избираат да ги продолжат своите студии на постдипломските програми за Методологии на предавање на Англиски јазик, понудени на ЈИЕУ како програма во траење од 2 години, по систем на вонредно земање на предавањата.

Катедрата за Англиски јазик е горда на своите дваесетина вработени, со полно и парцијално работно време, меѓу кои се вбројуваат пет интернационални членови, професионалци од Америка, Канада и Ирска. Студентите со сигурност може да очекуваат нивните студии да се одвиваат во атмосфера на поддршка, со голем дијапазон на ресурси на нивно располагање-библиотеката Макс ван дер Штул, одлични ресурси од полето на Информатичките Технологии низ целиот кампус, потоа системот за учење Либри како и специјализираниот Центар за јазични ресурси, лоциран во посебно наменетите простории во Центарот за јазици, во која зграда се одвиваат најголемиот дел на предавањата. Студентите ќе
учат Вештини на Англискиот јазик трипати неделно и може да очекуваат личен прогрес од почетен степен, преку среден се до напреден-за времетраењето на оваа програма. Нашите професори користат разнолика лепеза од методи на предавање и студентите може да очекуваат предавања исполнети со активност и учество, коишто целосно ќе ги вклучат студентите во процесот на учење. Вработените при Катедрата за Англиски јазик се високо мотивирани и согласно со методите и стандардите за нивна професионална евалуација, во континуитет постигнуваат конзистентни резултати во предавањето. Студентите ќе откријат дека учењето Англиски јазик при ЈИЕУ е искуство кое претставува предизвик кој
истовремено наградува.

Повеќе информации на следниов линк