Филмска и ТВ режија

Програмата за Филмска и ТВ режија се базира врз ЕКТС а низ предавања и вежби, заеднички и индивидуални, за изучување и совладување на стручните програмски основи од областа на ФИЛМСКАТА И ТВ РЕЖИЈА.
Стручните програмски основи на образованието по Филмска и ТВ режија, се состојат од теориската, стручната и уметничката настава, со изразени обележја на индивидуалната менторска и тимска работа, со цел за реализација на задачите од наставната продукција од научна, техничка, занаетска и уметничка природа.

Тимската работа во наставата е врзана со заедничките предавања и реализацијата на задачите од наставната продукција на студиските програми за Филмска и ТВ режија, Филмско и ТВ снимање, Филмска и ТВ монтажа, Продукција и за предметната програма Актерска игра пред камера.