Албански јазик и книжевност

Во 1951 година, кога тогашниот Филозофски факултет одбележуваше пет години од основањето, при оваа висока наставно-научна установа за првпат се воведе и албанскиот јазик во почетокот како лекторат при Катедрата за македонскијазик и јужнословенски јазици, а од учебната1959/60 година овој лекторат прерасна во Семинарза албански јазик. Во учебната 1971/72 година,при Филозофскиот факултет се формира Катедраза албански јазик и книжевност. На Катедрата за албански јазик и книжевност досега дипломиралевкупно 820 студенти. Магистрирале 12 кандидати, а со степен доктор по филолошки наукисе стекнале 6 кандидати.

Од воведувањето на албанскиот јазик во 1951 година, па до основањето на Катедрата за албански јазик и книжевност во 1971 година, наставата ја изведуваше само еден наставник, проф. д-р Петро Јанура, кој е и основоположник на Катедрата. Подетаљни информации за основањето, активноста и дејноста на Катедрата за албански јазик и книжевност до 1995 година можат да се најдат во јубилејното издание на монографијата, објавена во 1995 година. Од учебната 1996 година во наставно-научната дејност на Катедрата беа ангажирани следниве наставници: д-р Ремзи Несими, д-р Џеват Гега, д-р Зихни Османи и д-р Хаки Имери (во пензија од 2002 година), д-р Зекирија Незири, д-р Авзи Мустафа, д-р Нехас Сопај, д-р Агим Пољоска, д-р Аслан Хамити, д-р Мирлинда Кривца, д-р Мируше Хоџа, д-р Агим Лека, д-р Теута Арифи, асистентите м-р Ваљбона Тоска, Ајтене Ќамили и лектор Ќани Мемети. Во изминатиот десетгодишен период во наставно-образовниот процес на Катедрата за албански јазик и книжевност се создадоа поволни услови за квалитетно задоволување на потребите на студентите и потребите на Факултетот како целина. Во тие рамки, како најважна активност на Катедрата треба да се спомне отворањето на новата насока за студии: Отсек за преведување и толкување од албански на македонски јазик и обратно (во моментов трета година на студии).

Општествените промени во нашата земја во целина, создадоа нов амбиент и нови услови, кои наметнаа определени приоритети во наставнонаучната дејност на Катедрата, како што е унапредувањето и усовршувањето на наставно-образовниот процес, научно-истражувачката и издавачката дејност, соработката со другите сродни катедри и институции во земјата и во странство и сл. Од главните приоритети на Катедрата за албански јазик и книжевност од минатата година е реализирањето и применувањето на новиот систем за пренос на бодови, т.е. ЕКТС (Европски кредит трансфер систем) како неминовна потреба за преиспитување и модернизација на студиските и на предметните програми на нашиот Факултет, со цел да се постигне компатибилност и еквивалентност со европските и со другите модели на студирање. Во изминатиот десетгодишен период посебно место зазема наставата по албански јазик (настава и курсеви) за студентите од другите катедри на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје и пошироко. Катедрата за албански јазик и книжевност активно учествува во унапредувањето на специјалистичките, магистерските и докторските студии, во воведувањето нови дисциплини и студии, усовршување и дополнување на интердисциплинарните студии и предмети, со што може во голема мера да се задоволат потребите и барањата на општеството од специфично образовани кадри за различни потреби (наставници, преведувачи, лектори итн.).

Квалитетот на наставата и ефикасноста во студирањето зависат и од кадровската состојба. Нашата катедра во моментов се наоѓа во незавидна ситуација во поглед на својот подмладок, така што се доведува во прашање иднината на многу наставни дисциплини. Приоритетна задача во моментов е потребата да се обезбеди млад кадар (демонстратори, помлади асистенти и асистенти), особено за новите наставни дисциплини по предметите преведување и толкување од албански на македонски и обратно. Во рамките на новите програми Катедрата ја спроведува својата активност според новите наставни планови, во кои се предвидени следниве групи и насоки: 1. Албански јазик и книжевност – еднопредметна група - наставна насока; 2. Албански јазик и книжевност – двопредметна група; 3. Албански јазик и книжевност - втор главен предмет (за студенти од другите јазични групи на кои албанскиот им е мајчин јазик); 4. Албански јазик и книжевност - втор главен предмет (за студенти од другите студиски групи на кои албанскиот не им е мајчин јазик); 5. Албански јазик и книжевност (за студентите на кои албанскиот им е мајчин јазик).

Денес на Катедрата се ангажирани следниве професори: - Д-р Зеќирја Незири, редовен професор. Држи предавања по курсевите: албанска книжевност и народна книжевност. - Д-р Авзи Мустафа, редовен професор. Држиредавања по курсевите: методика на наставата по албански јазик и книжевност и специјален курс. - Д-р Нехас Сопај, редовен професор. Ангажиран е по курсевите: историја на албанскатакнижевност IV и книжевност за деца. - Д-р Агим Пољоска, редовен професор. Ангажиран е по курсевите: култура на изразувањето,лексикологија на албанскиот јазик, албанскијазик под Ц (II), албански јазик (како балкански),теорија на преведување, граматика на албанскиотјазик 2 и современ албански јазик 2 „Б”. - Д-р Аслан Хамити, вонреден професор. Ангажиран е за курсевите: фонетика и фонологијана албанскиот јазик, граматика на албанскиот јазик1 и дијалектологија и историја на албанскиотјазик. - Д-р Мирлинда Крифца, вонреден професор.Држи предавања и вежби по курсевите: историја на албанската книжевност 3 и историја на албанската книжевност 2 - „Б”, - Д-р Мируше Хоџа, доцент. Држи предавања и вежби по курсевите: албанска култура и цивилизација и морфологија на албанскиот јазик. - Ќани Мехмети, лектор. Изведува лекторсканастава по курсевите: албански јазик 1 „Ц” ЕКТС,современ албански јазик 1 - 2, албански јазик 1 -2 (како балкански). - М-р Ваљбона Тоска, асистент. Држи вежбипо курсевите: синтакса на албанскиот јазик, современалбански јазик 2 - „Б”, граматика на албанскиотјазик 3-4, албански јазик под Ц, лексикологијана албанскиот јазик и морфологија на албанскиотјазик. - Ајтен Ќамили, помлад асистент. Ангажиранае за одржување вежби по предметите: фонетикаи фонологија на албанскиот јазик, дијалектологијана албанскиот јазик, граматика на албанскиотјазик 1 - 2 и историја на албанскиот јазик. - Д-р Теута Арифи, доцент - историја на албанскатакнижевност 2.

За потребите на Катедрата, а поради ограничувањето на нови вработувања што трае со години, со договор за дело во летниот и во зимскиот семестар, беа ангажирани и надворешни соработници. Покрај ангажирањата при Катедрата, дел од наставниот кадар беше ангажиран и надвор од Факултетот. Така, д-р Теута Арифи, доцент, д-р Мирлинда Крифца, доцент, како и д-р Мируше Хоџа, доцент, со дозвола на Наставно-научниот совет беа ангажирани во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, а д-р Мируше Хоџа, во летниот семестар беше ангажирана и во Загрепскиот универзитет за постдипломска настава. Во овој период Катедрата се соочуваше со низа проблеми почнувајќи од недостатокот на простор за настава, па сè до зголемување на обемот на часовите. Посебен проблем претставуваше приспособувањето на кадарот и студентите на новиот систем на школување што почна пред две години. Членовите на Катедрата беа вклучени во сите комисии на Факултетот. Меѓу нив се издвојува работната група на ЕКТС - комисијата, која го подготви наставниот план и програма за двете насоки, кој се применува почнувајќи од учебната година 2005/2006 година.

Научниот потенцијал на Катедрата се остварува, стимулира и реализира преку низа колективни и индивидуални проекти (меѓународни и регионални): д-р Зекирија Незири ги води проектите: Народните обреди и обичаи кај Албанците во Република Македонија и Компаративното истражување на свадбените песни во с.Матка - Скопско; д-р Агим Пољоска: Културните вредности на населението од Охридско-преспанскиот регион (2005) Четиријазичникот на Даниил - лингвистичка анализа (2003); Аслан Хамити го води проектот Споредбени фонолошки истражувања помеѓу албанскиот и македонскиот стандарден јазик. Проф. д-р Агим Пољоска е вклучен во проектот Четиријазичникот на Даниил- лингвистичка анализа, подраководство на проф. д-р Димитар Пандев.

Во рамките на научната активност на членовитена Катедрата посебна грижа се води за издавањеучебници и учебни помагала, кои претставуваатнеопходна потреба за поуспешно изведувањена наставата. Во таа смисла, посебно вниманиезаслужуваат: Фонетиката и фонологијата на албанскиотстандарден јазик, 2005 г., од д-р Аслан Хамити, Историјата на албанската книжевност, 1од д-р Зекирија Незири, Книжевност за деца, 2002г., од д-р Нехас Сопај, Лингвистички интерпретации,2002 г., од д-р Агим Пољоска, Албански јазик;Учиме албански, 1, 2, 2003 г., од Ќани Мемети. Воовој контекст можат да се споменат и отпечатенитеодбранети докторски и магистерски трудови на нашите колеги. За своите научни достигања во областана науката, образованието и културата во2005 и 2006 година, двајца членови на нашата kатедратасе добитници на високи научни признанијаво Република Македонија. Колегата д-р АвзиМустафа е добитник на наградата „11 Октомври”,додека д-р Агим Пољоска е добитник на наградата„Гоце Делчев”.

Членовите на Катедрата перманентно соработуваатсо Републичкиот педагошки завод, учествуваатсо реферати и со статии на научни конференции,симпозиуми и семинари, објавуваат текстовиво зборници од научни конференции и собири,списанија и сл. Како резултат на ваквите активностинаведуваме список на објавени трудовина членовите на Катедрата:

д-р Зекирја Незири 1. Meshari I Gjon Buzukut 450-vjet pas, Jehona e re, Shkup, 1/2005, 3-37. 2. Gjscmëshekylli në shërbim të ishtjesshqiptare. /Portret I Aleksander Stiptevitit/. „Lajm ekskluziv”, Shkup, 26.5.2005. 3. Споредбени проучувања на свадбените песнии обичаи во с. Матка, Скопско. (Во коавторствосо Фанија Попова). Проект финасиран од Фондација„Сорос” Македонија. Објавен во: Истражувајќија другоста: Аспекти на другоста од перспективана одделни дисциплини во високото образованиево Република Македонија, Скопје, 2005, 245- 306. 4. Стерјо Спасе основач на албанскиот психолошки роман, Стерјо Спасе деведесет години одраѓањето, Институт за македонска книжевност,Скопје, 2005: 18 - 20. 5. Libri I parë shqip dhe bashkëkohesia, Sesionishkencor Buzuku dhe letërsia e hershme shqipe,Tetovë, 18 - 19 mars 2005. 6. Поимот Alteritit dhe kontinuitet во книжевноисторискитепроучувања. XXXVIII Семинар замакедонски јазик, литература и култура, одржанво Охрид, 15 - 17 август 2005 година. 7. Struktura narrative në romanin Rreckaj tëMurat Isakut, Tetovë, 24 shtator 2005. 8. Migrimi I shqiptarëve të Maqedonisë sifenomen historik midis dukurisë sociale dhe përndjekjespolitike (në bashkëpunim me Suzana Saliun),Kumtesë e lexuar tubimin III ndërkombëtarEmigrimi nga Maqedonia nga paraqitja deri sot,Strugë, 21 - 23 tetor 2005. 9. Meshari I Gjon Buzukut dhe letërsia utilitarekishtare, në Conferencën shkencore Ndërkombëtare„Meshari” I Gjon Buzukut – gjuha dhe koha e tij”,Tiranë, 19 nëntor 2005; 10. Skënderbeu në letërsinë e Rilindjes Kroate,në Simpoziumin „Gjerj Kastrioti Skënderbeu”,Shkup, 25 - 26 nëntor 2005; 11. Skënderbeu në letërsinë croate, në Kuvendin„ Skënderbeu në letërsi dhe histori”, Napoli,1 - 3 dhjetor 2005. 12. Gjuhë shqipe dhe letërsi, për vitin IV tëgjimnazit të reformuar (коавторство со Аслан Хамитии Агим Лека), Просветно делло SHA, Shkup, 2005. 13. Meshari I Buzukut, Logos 5, Shkup, 2006.

д-р Нехас Сопај 1. „Figurat lirike të Martin Camajt” – Лирскитефигури на М. Цамај, (Учествување на меѓународниотсеминар) Скадар низ векови, Скадар, Р. Албанија,ноември, 2005, 2. „Sistemi mitologjik i B. Musliut” - Митолошкиот систем на Б. Муслиу, (Учествување на меѓународниотсеминар) Приштина, септември, 2006, Косово 3. „Figura e Skënderbeut në poezinë e B. Musliut”- Фигурата на Скендербег во делото на Б.Муслиу, 600-годишнината на Ѓерѓ Кастриоти - Скендербег,МАНУ, декември, Скопје, 2005, и др.

д-р Агим Пољоска 1. Leksiku dialektor në рregjionin e Prespës,Shkup, Asdreni, 2003, 208. 2. Прилог кон проучувањето на македонско-албанскитејазични контакти, Менора, 2005, стр. 275. 3. Културните вредности на населението ворегионот Охрид - Преспа, ДВД, ЦД-ром, (презентацијаи промоција во Охрид и во Корча, 24. и 28. 4.2005 год.). 4. Називите на деновите на неделата во албанскиотјазик во споредба со другите индоевропскијазици, Годишен Зборник на Филолошкиот факултет„Блаже Конески”, Скопје, кн. 27-28, 2004-2005, 146. 5. Лексемата штрига/straga/shtrig/ во македонскиоти во албанскиот дијалектен јазик, XXXIIМеѓународен семинар за македонски јазик, литератураи култура, Охрид 15-18.8.2005 (во печат). 6. Е. Чабеј како балканист, Годишен Зборникна Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, Скопје,кн. 29, (во печат). 7. Околу преводите од македонски на албанскијазик и обратно, Научна дискусија на XXXVI Меѓународен семинар за македонски јазик, литератураи култура, Охрид, 28-30.8.2006 (во печат). 8. Културните вредности на населението воПреспанскиот регион, XVIII Меѓународен симпозиумза балкански фолклор, Охрид, 18-20.10.2006 (во печат).

д-р Аслан Хамити 1. Koautorësi „Gjuhë shqipedheletërsipërvitinIVtë gjimnazittë reformuar” Prosvetnodello,Shkup, 2005. 2. Fonetika dhe fonologjia e gjuhës standardeshqipe, Shkup, 2005; 3. Заеднички гласовни промени во албанскиоти во македонскиот современ јазик (реферат прочитан на XXXVIII Меѓународен семинар за македонскијазик, литература и култура, одржан во Охридод 15. VIII - 17. VIII - 2005 година); 4. Paralelja shqipe në ds fjalorët shumëgjuhështë Gjorgji Pulevskit, Vatra, Shkup, 2005; 5. Gjuha dhe comunikimi, Acta lingua geographica1, Logos-5, Shkup, 2006, 33-48. Д-р Мирлинда Крифца - Беќири 1. Intertekstueliteti në poezinë shqipe mes dsluftërave botërore Fakti, Скопје, 2005 (книга).

Катедрата за албански јазик и книжевност е носител и на издавачка дејност преку објавување зборник за албански јазик, литература и култура - Албанолошки истражувања (Shqsrtime albanologjike), а за последните пет години се излезени шест броја и студентско списание за јазик, литература и култура Зрак (Rrezja), кое излегува од 1996 година. Во мај 2006 година, Катедрата го промовираше делото на Џевахир Спахиу, во присуство и на самиот автор.

Во составот на Катедрата активно работи и семинарската библиотека. Библиотеката ја започнасвојата активност со мал број претежно подареникниги, а денес бројот на книгите (научната истручната литература) изнесува над 7.000 насловии 815 списанија, а повеќето од нив имаат библиофилскавредност. Списанијата се набавуваатпо пат на размена со други сродни научни институции(Тирана, Приштина, Букурешт) што, исто така,сведочи за местото и за улогата на Катедратаза албански јазик и книжевност меѓу научнитеинституции во областа на албанистиката и балканистиката. Радува фактот дека од минатата годинабиблиотеката е обновена со нов инвентар, компјутер,видеобим и сл.

Во оформувањето на ликот на Катедрата значаен удел имаат и студентите. За поздравување е податокот дека во последните години младите генерации во голем број се определуваат да го изучуваат албанскиот јазик во контекст со другите балкански и светски јазици. Меѓу позастапенитеформи на таа активност, посебно треба да се истакнеинтересирањето на студентите од другитестудиски групи на нашиот факултет за изучувањена албанскиот јазик како балкански и, секако, големотоинтересирање за преведувачката дејност.Во склоп на прославата на 60-годишнината на Факултетот, студентите на Катедрата беа активно вклучени во одбележувањето со организирање Албанска вечер, која се одржа на солидно ниво. Нашите студенти учествуваа и на Филологијадата, одржана по повод јубилејот на нашиот факултет. Посебно треба да се обележи учеството на есенскиот и на пролетниот крос, како и учеството во други спортски активности.