Менаџмент во биотехниката

Менаџмент во биотехниката

Додипломските студии на  студиската програма по Менаџмент во биотехниката е структурирана според цикличниот систем, при што е избран моделот 4+1, каде студирањето во првиот циклус трае четири години и една година постипломски (master) студии. По завршувањето на четиригодишното студирање кандидатите се здобиваат со звање дипломиран менаџер по биотехника скратено дипл., додека по завршувањето на постдипломските студии се стекнуваат со звањето магистер по менаџмент во биотехниката скратено м-р.
Студиската програма Менаџмент во биотехниката се стекнуваат специјалистички знаења во доменот на менаџментот во биотехниката.
Оваа студиска програма се потпира врз повеќе групи на научни дисциплини како што се: теоретските дисциплини кои на студентот ќе му обезбедат темелно знаење; дисциплини од биотехниката и менаџментот кои овозможуваат стекнување на знаење од биотехниката и менаџментот како наука за управување со трговските друштва од областа на биотехниката и други применети научни дисциплини кои придонесуваат за збогатување на менаџерското знаење и специјализирање на кадрите.